Претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ денеска изјави дека иницијативата на опозицијата за вонредни парламентарни избори ќе биде прифатена со ентузијазам и оти одговор на тоа барање ќе добијат во најбрз можен рок.

-За тоа барање ќе ги известам надлежните органи – Владата на Србија, претседателот и ќе добијат одговор во најкус можен рок, можеби за 30 дена, рече Орлиќ на прес-конференција во салата на Собранието, по опозицијата од истото место најави дека ќе ја блокира работата на парламентот и побара одржување парламентарни избори.

Пратеникот Небојша Зеленовиќ, од пратеничката група во српскиот Парламент, „Морамо – Заједно“, денеска изјави дека по поставувањето пратенички прашања и барањето информации, опозицијата, која е организатор на протестот „Србија против насилството“, „ќе влезе во блокада на работата на Собранието“

Тој нагласи дека „четири месеци власта молчи за барањата од протестот“.

„Секој ден има насилство околу нас. Се понудивме да разговараме во парламентот, купивте време, дури ни гласањето не беше одобрено. Ние побаравме разговор, а вие понудивте контра митинг“, рече Зеленовиќ на собраниската седница.

Тој изјави дека изборите се „излез од кризата“.

Бараме итно распишување на вонредни парламентарни и избори во Белград до крајот на оваа година како прв чекор на опозицијата по промената на прогресивниот режим да ги исполни барањата на граѓаните, најавија организаторите на протестот „Србија против насилството“.

Како што истакна претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, барањата на граѓаните кои протестираат не се исполнети.

– Ќе бараме парламентарни избори, заедно со оние во Белград. Со успех на парламентарните избори можеме да ги исполниме барањата на протестот. Бараме поддршка од граѓаните за да добиеме поддршка на парламентарните избори и да ги исполниме тие барања и да ги стабилизираме социјалните услови, посочи Лутовац.

Тој додаде дека на вчерашната средба се договориле кои чекори ќе се преземат за исполнување на барањата на граѓаните.