Пензионерите од Свети Николе и денеска, втор месец, се на улица на протест од каде порачаа дека не се откажуваат од барањата за покачување на пензијата за 3.500 денари како и усогласување на минималната пензија со минималната плата.

Тие најавија дека од утре протестите ќе ги радикализираат протестите. Улиците во Свети Николеќе бидат блокирани со земјоделска механизација, а додаваат дека ќе користат и други средства се до исполнување на нивните барања, објави ТВ Нет.

-Продолжуваме со протестот без разлика на тоа каква одлука ќе се донесе. Нашето главно барање е покачување на пензијата линеарно за 3.500 денари и усогласување на минималната пензија со минималната плата. Сакаме да покажеме дека ќе постапуваме и порадикално, патиштата овде во Свети Николе ќе ги блокираме од утре со земјоделската механизација, рекоа пензионерите.

До крајот на месецот се очекува од Министерството за труд и социјална политика да излезат со конкретни предлози за барањата на пензионерите.