Денеска во Ротердам, Холандија, имало пукање на две локации од едно лице.

Холандската полиција соопшти дека уапсила 32-годишен осомничен откако најмалку три лица биле ранети во престрелката.

Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот прво отворил оган во куќа или стан, при што повредил две лица, а потоа ја запалил зградата.

По пукањето во станот, осомничениот отишол во локалната болница каде продолжил да пука.

На Твитер се појави наводна снимка од приведувањето на уапсениот напаѓач од припадници на холандските специјални сили. Како што јавија Би-Би-Си и локалните медиуми, холандската полиција верува дека во нападите бил вклучен само еден вооружен маж.