Зачудувачка изјава на Лога: Уставните измени – пречка во борбата против корупцијата, објавува ТВ Алсат информација под тој наслов.

– Според министерот за правда Кренар Лога, главна пречка во борбата против корупцијата се уставните измени. Тој подвлекува дека дури по затворањето на овој процес вниманието и фокусот ќе почнат да се враќаат на главните проблеми на општеството и државата, објави ТВ Алсат.

Според Лога, како што објавува ТВ Алсат „државата мора да оди напред и главна пречка во овој момент се уставните измени“.

Запрашан дали уставните измени би ја намалиле корупцијата во Македонија Лога одговар:

– Фокусот и вниманието на целата јавност и на државата ќе почнат да се враќаат на главните проблеми на општеството и државата, вели Лога, министерот за правда на Република Македонија.