Светската тенисерка број еден, Ига Свијатек од Полска го заврши настапот на првиот сезонски Грен слем турнир Австралија Опен, откако беше поразена од Чехинката Линда Носкова со 3:6, 6:3, 6:4 во третото коло во сабота.

-Останав без зборови, знаев дека ќе биде неверојатен меч со светската тенисерка број еден и таков играч, но не мислев дека вака ќе заврши, изјави 19-годишната Носкова по мечот и доаде: –Навистина ми е драго што поминав низ овој круг.