Ракометната репрезентација на Унгарија славеше над Хрватска со 29:26 во вториот меч од програмата на Европското ракометно првенство.

Во еден возбудлив, динамичен и борбен натпревар Унгарците се изборија за голем триумф кој ги остава во игра во битка за висок пласман на шампионатот.

Победникот го имаше фантастичниот Бартуч кој забележа 16 одбрани, па тој заедно со Имре кој даде седум гола беа најзаслужни во ова славје со кое оваа репрезентација има четири бода и е на втората позиција зад Франција со шест.

Во Хрватска Главаш и Лучин имаа по пет реализации.