Новинарите, ниту се чувствуваат безбедни, ниту, социо-економски сигурни.. Има прекршување на работничките права, а малите примања, се главна причина, за одлив на кадар, од секторот – новинарство.. Над 55 проценти, од 3146 новинари, и медиумските работници во Mакедонија, работат за плата, која е, под државниот просек, покажува анкетата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија..

Во лоша состојба се и локалните и регионалните медиуми, но најлошо е во он-лајн секторот покажува истражувањето спроведено во 2023-тата година, каде само една петтина од работниците во онлајн секторот се вработени на полно работно време што е поразувачки резултат.

„Она од што стравувавме и имавме првични наоди – се покажа како сурова реалност: вработените медиумски работници во интернет-изданијата се само една петтина од вкупниот број работни позиции, односно над 600 вработени. За жал, само еден од тројца вработени е редовно пријавен на полно работно време, а платите се под државниот просек – рече претседателот на ССНМ, Павле Беловски и додаде дека економската неизвесност и натаму е предизвик за новинарите и медиумските работници, а фокусот треба да остане на унапредување на нивните работнички и социјални права.

На конференцијата „Социо-економската сигурност – услов за професионално новинарство“ присуствуваше и евроамбасадоро Дејвид Гир, кој рече дека без професионалните новинари нема демократија.

„Но, за да може новинарите да можат да ја вршат својата работа правилно, политичките и социо-економските услови мора да бидат исполнети. Фер работни услови за новинарите не се луксуз, туку суштествени за професионален и динамичен медиумски сектор. Задоволство ми е што се приклучив на дискусијата за подобрување на економските и социјалните права на новинарите“, рече Гир.