Десетици илјади луѓе во Австралија останаа без струја поради силното невреме

/ 26.01.2024

Околу 64.000 луѓе утринава останаа без струја во австралиската држава Квинсленд, откако тропскиот циклон Кирили од втора категорија ја погоди областа, носејќи обилни дождови и висок ризик од поплави.

Компанијата за електрична енергија Ергон Енерџи објави дека повеќето потрошувачи останале без струја во градот Таунсвил и дека се уште не се знае кога ќе биде обновено снабдувањето.

Метеоролозите прогнозираат дека циклонот денеска ќе донесе силен дожд во делови од северен Квинсленд, со максимална брзина на ветерот од околу 90 километри на час.

Австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека воениот персонал е во подготвеност да помогне по циклонот.

Кирили е вториот тропски циклон што ја погоди областа од декември минатата година, кога циклонот Јаспер предизвика голема штета низ целиот регион.

Во меѓувреме, во делови од Квинсленд и Нов Јужен Велс се прогнозира да достигнат 40 степени Целзиусови, што е многу над просекот за овој период од годината.


Од истата категорија