Пред четири години од ова место Ви се обратив со зборовите: „Сè има свој почеток. Сè започнува со еден сон”. Ви реков дека сите имаме свои сништа, за нашите деца, за себе, за државата. Верувам дека ќе се присетите кога истакнав дека ние, Албанците, сонувавме за слобода и еднаквост. Слободата и еднаквоста не доаѓаат лесно, бараат многу пожртввуваност и посветеност, но и верба, верба дека целта ќе се постигне, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети во своето специјално обраќање до јавноста.

-Ме прашаа, дали навистина веруваш дека ќе се реализира, реков не само што верувам, туку и ќе се реализира. Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно. Утре Браќа и сестри, утре е историски ден. Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди, посочи Ахмети.

Вели дека заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија.

-Благодарен сум што верувавте во нас, застанавте зад нашиот сон со вашата укажана доверба, таа ваша поддршка утре се наградува со исполнето ветување и со уштр една завршена работа, и со уште еден остварен сон. На сите наши граѓани им го честитам ова достигнување и сигурен сум дека нашата земја станува посилна, порамноправна и пообединета. Но, ова не е крајот, ова е само почетокот, имаме уште многу работа и сништа за остварување. Денес, имаме потреба од обединување, да подадеме рака еден на друг, да ги оставиме настрана нештата што не разделуваат и да се обединиме околу нештата што не зближуваат. И пред четири години, но и сега, истакнав дека ние знаевме како да се обединиме за заеднички цели, кога тоа е значајно и одлучувачки. Она што ќе го направиме утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас, рече тој.