Дисциплинската комисија на ЕХФ ја одби жалбата на Швеѓаните за изедначувачкиот гол на Франција во регуларниот тек од полуфиналето од ЕП..

Дисциплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одби жалбата на Шведската ракометна федерација (ШФ) поради голот со кој Французите израмнија на 27:27 и изборија продолженија, а потоа и победата за пласман во финалето на Европското првенство во Германија.

Беше поднесена жалба за некористење на видео преглед (ВАР) за проверка на последниот слободен удар, а беше отфрлена со образложение дека судиите не се обврзани да користат видео технологија.

Судиска двојка на полуфиналето Франција – Шведска беше македонскиот тандем Начевски Николов.