Тројца американски војници загинаа, а 25 се повредени во напад со дрон во Јордан, пишува Sky News.

Убиените во нападот спиеле во шатори на местото наречено Кула 22 во североисточниот дел на Јордан, во близина на границата со Сирија.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нападот го извршиле „радикални милитантни групи поддржани од Иран“ во Сирија и Ирак.

– Иако сè уште собираме факти за овој напад, знаеме дека тој е извршен од радикални милитантни групи поддржани од Иран и кои дејствуваат во Сирија и Ирак – рече Бајден.

Ова е првпат американски војници да бидат убиени во регионот од почетокот на војната во Газа.