Очекував, да бидам искрен, дел од потенцијалните кандидати да ги соберат побрзо потребните 10.000 потписи, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот.

Мицкоски додаде дека иако некои од кандидатите воделе кампања и се нарекувале дека се фаворити во трката за претседател на државата и по 5 дена не можат да ги соберат потребните потписи.

Има некои од кандидатите за кои што со недели се водеше кампања дека ќе бидат фаворити во трката за претседател на државата, но гледаме еве и после 4-5 дена тешко оди собирањето и практично официјалната кандидатура на тие кандидати, истакна тој.

Претседателот Мицкоски нагласи дека владејачките партии помагаат на одредени кандидати за претседатели на државата со собирањето на потписите, и со тоа практично наместо да се натпреваруваат, тие се опозиција на опозицискиот кандидат.

-Има и такви примери каде што владејачките партии собираат потписи за некои од кандидатите. Тоа е и целта на некои од кандидатите, не да се натпреваруваат да бидат претседатели или претседателски кандидати, туку да бидат практично опозиција на опозицискиот кандидат. И тоа е целта на власта, додаде Мицкоски и порача:

Но, мислам дека е препознаена од народот и дека ќе биде неуспешен тој обид