Портпаролот на Белата куќа, Метју Милер, го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до Ѕидот на плачот во Ерусалим за време на Рамазан.

-Не само што е вистинската работа, не е само прашање да им се даде на луѓето верската слобода што ја заслужуваат, на која имаат право, туку тоа е и прашање што е директно важно за безбедноста на Израел, рече Милер.

Тој нагласи дека не е во безбедносен интерес на Израел да ги подгрева тензиите на Западниот Брег или во поширокиот регион, пишува „Тајмс оф Израел“.

Милер ваквите забелешки ги даде откако се појавија извештаи дека Израел размислува да воведе сериозни ограничувања за пристап до Ѕидот на плачот за израелските Арапи и Палестинците од Западниот брег за време на Рамазан, светиот месец на постот кај муслиманите што почнува на 10 март.

фото:МИА архива