Во МВР затекнав катастрофална состојба и катасторфата сѐ уште трае. Колку и да се трудиме да го подобриме работењето можеме само да ги ублажиме проблемите но не и да ги решиме. Тоа е реалноста. Но, надеж има бидејќи има луѓе кои си ја сакаат Македонија, се професионалци и сакаат да помогнат и да си ја заработат платата што ја добиваат од граѓаните. Тоа беше позитивно изненадување и за мене, вели во интервју за Република министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Но тоа за жал не го прават сите, да го работеле сите немаше да бидеме на ова дереџе. Но, надежта ја има, не сме сите исти, се надевам дека за овој краткок временски период народот забележа дека за овој еден месец не можело чуда да се направат, но можело да се работи во интерес на граѓаните за да се подобри нешто кое што како услуга граѓаните имале право да го имаат на достоинствен начин а овие кои што го менаџирале процесот имале обврска да го менаџираат за да биде подостоинствено за граѓаните, вели Тошковски.

Тој потсетува дека овој хаос е започнат 2019 година кога, како што ги нарекува политичари полтрони работеле не во интерес на македонскиот народ и Македонија туку за туѓи интереси.

-Денеска сето она неработење и полтронство го гледаме како хаос со личните докумети. Во 2019 година Македонија го промени своето име, сменивме Устав со уцени и притисоци. Згора на тоа толку биле полтрони на туѓи интереси што ставиле рок за промена на лични документи да биде пет години од денот на стапување на сила на Договорот од Преспа. Замислете колку треба да си без памет тоа да го направиш. Кој ќе им замерел тогаш да ставеле рок десет години за промена на документите. Замислете колку се овие луѓе неспобни и непрофесионални, прашува Тошковски.

Целото интервју можете да го прочитате на Република.мк