Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), ги повикува сите Македонци кои живеат надвор од Македонија, независно од обновата на своите пасоши, доколку нивното временско траење е сеуште валидно, да се регистрираат за гласање на претстојните избори и ја конкретизираат валидноста на изборите во државите во кои тие живеат. Како членови на различи македонски заедници ширум светот, сметаме дека овогодинешните избори се клучен фактор за дијаспората да добие глас во татковината кои би можел да придонесе за нејзиното институционализирање и имплементација на Националната Стратегија за Дијаспора која е клучна во тој процес.

Иако сите ние како Македонци кои живеат надвор од Македонија, сме апелирале за зголемување и подобрување на врските помеѓу нашата татковина и нас како членови на дијаспората, сепак оваа година конечно ќе имаме можност тоа да го направиме статистички конкретно со регистрирање на нашиот глас каде и да сме.

Македонија за прв пат го олесни тој процес и дефинираше конкретни чекори со детални представувања на македонците и нивните регистрирани гласачки права. Затоа, ние како организација го објаснивме истиот процес на 2 јазика Македонски и Англиски и истиот го доставуваме насекаде.

Искористете ја оваа брошура и регистрирајте го вашиот глас да можеме да ја докажеме нашата вредност и квантивет.

Линк за регистрација

Обединета Македонска Дијаспора