Исламистичките и десничарските екстремисти намерно ја поткопуваат мултиетничката демократија во Велика Британија, изјави синоќа премиерот Риши Сунак, и притоа повика на посилен одговор против говорот на омраза и криминалот.

Британските парламентарци добија неделава добија дополнителни средства за нивната безбедност, откако неколкумина добија закани заради нивната поддршка на операцијата на Израел во Појасот Газа.

-Се плашам дека нашето големо достигнување за градење на најуспешната мултиетничка и мултиконфесионална демократија во светот е намерно поткопано, рече Сунак во говорот пред неговата канцеларија во Даунинг стрит, додавајќи дека има „шокантно зголемување на екстремистички прекршувања и криминал“.

Британскиот премиер додаде дека луѓето имаат право да протестираат и да бараат заштита на цивилите во Газа, но дека не смеат да го користат тоа за да му изразат поддршка на Хамас. Најави дека сака полицијата не само да ги „менаџира овие протести“, туку и да ги надгледува, пренесе Хина.

„Исламистичките екстремисти и екстремната десница меѓусебно се хранат и охрабруваат“, додаде тој, појаснувајќи дека тие се двете страни на „истата екстремистичка паричка“.

Сунак ги предупреди сите лица кои во земјата се дојдени со виза дека може да бидат депортирани доколку одлучат да „шират омраза“.

фото:ЕПА