Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи, потенцираат од опозициската ВМРО-ДПМН.

Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден, децидни се од опозициската партија.

Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Доаѓаат промени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.