Кога јас поканувам некого, го поканувам да дојде, а не да остане на улица“, се пожали поранешниот премиер на … Македонија, Димитар Ковачевски, непосредно пред да се откаже од обидот да влезе на преполниот прием што го организираа социјалистите во Рим, пренесуваат странски медиуми.

Ковачевски дошол до вратата, но не бил пуштен внатре, што само по себе е понижувачки и покажува дека неговото гостување во Рим на официјалниот дел од Конгресот било затоа што протоколарно мора така да биде, а не затоа што е некој посебен гостин на кого му укажана чест.

Инаку, Ковачевски деновиве престојуваше во Рим, каде пред два дена учествуваше и говореше на работната сесија „Решенија за подобар квалитет на живот” што се одржува во рамки на Изборниот конгрес на ПЕС 2024.

Но, очигледно тој бил несакан гостин за натамошно дружење со социјалистите на Италија. Влез имаат само луѓе што ги знаат и кои го заслужуваат друштвото.