Пендаровски нема еден став кој го кажал и задржал. Додека власта на СДС и ДУИ зад сцена преговараа со Бугарија, Пендаровски глумеше патриот и ја замајуваше јавноста. Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија. Тој отиде и чекор понатаму и кажа дека е вон памет да се разговара за било каква промена на устав или анекс на договорот со Бугарија, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Лефков:

Има ли некој кој сериозно го сфаќа Стево Пендаровски?

Пендаровски нема еден став кој го кажал и задржал. Додека власта на СДС и ДУИ зад сцена преговараа со Бугарија, Пендаровски глумеше патриот и ја замајуваше јавноста. Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија. Тој отиде и чекор понатаму и кажа дека е вон памет да се разговара за било каква промена на устав или анекс на договорот со Бугарија.

Не само што Бугарија побара промена на Уставот, а владата и Пендаровски прифатија, туку истите активно се вклучија во кампања да ја убедуваат јавноста зошто треба да се промени Уставот.

Пендаровски лично е главен застапник на идејата за промена на Уставот, и лично кажа дека токму тој е човекот кој го преговарал анексот како што сам го нарекува, т.е. бугарскиот диктат.

Кога Пендаровски лажеше кога тврдеше дека вон памет е да се менува Уставот или сега кога е главен лобист за промена на Уставот?

Има ли Пендаровски став кој не го погазил? Останал ли човекот автентичен во нешто друго освен во лагата?

И самиот Стево Пендаровски знае дека лаже, манипулира и нема достоинство. И самиот Пендаровски е свесен дека нема да биде избран повторно, затоа што народот не поддржува политичари кои манипулираат со националните чувства и ги распродаваат.

Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, порача Лефков.