Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Според УХМР, следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневата температура ќе биде во пораст. Нови поинтензивни врнежи се очекуваат од понеделник.

фото: МИА архива