Стево Пендаровски е манипулатор. Свесно во изборна кампања манипулираше со граѓаните и кажуваше работи, за кои откако дојде на функција се покажа дека не ги мислел. Стево Пендаровски велеше дека нема обичај да објаснува, туку да го слуша народот, од кој сака да слушне што треба да направи, посочува Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Ова е Стево Пендаровски почитувани пред да стане Претседател, ако некој заборавил, а каков е Пендаровски сега сите знаат. Пендаровски не го слушна народот и потпиша стотици штетни закони кои и овозможија на власта да прави криминал. Стево Пендаровски не го слушна народот и со ништо не се потруди да ја подобри состојбата во судството, иако според Устав има надлежност да именува двајца претставници на судскиот совет и двајца уставни судии. Неговите предлози се претопија со тие на СДС и ДУИ. И Стево Пендаровски е директно виновен за 2% доверба во судството. Стево Пендаровски не излезе и не го слушна народот кога требаше да се расчисти секс скандалот во АРМ. Стево Пендаровски не го слушна народот кога власта крадеше милиони од РЕК и Онкологија, не излезе не ја осуди власта, истакна тој.

Лефков потенцираше: „Стево Пендаровски многу пати можеше да го слушне народот, но тој одлучи да ги слуша врхушките на СДС и ДУИ. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме. Да го испратиме Пендаровски во политичка пензија“.