Нова провокација од Рамиз Мерко среде Струга. Надвор од сите правни процедури,без гласање на Советот по системот на бадентер и крајно,без согласност од пошироката заедница, на влезот од општинската зграда е поставена спомен плоча на која пишува : Основно училиште “Kонгрес во Битола” -1ви септември 1941 година. Прекришувајќи го законот за употреба на македонскиот јазик,скандалозното обележје е испишани само на албански и го велича фашистичиот период во кој Струга била под италјанска окупација,чиј соработник била Кралска Албанија. На конгрес во Битола бил востановен албанскиот јазик, објави АЛФА.

 Не верувам дека постои друг градоначалник во било која општина во светот кој што има  поставено обележје на општинската зграда со која се слави, се велича фашистичката окупација на градот.Ние како општински комитет од ВМРО ДПМНЕ ќе ги превземеме буквално сите правни механизми кои ни стојат на располагање за да го спречиме ова понатамошно ширење на национализам, шофивинизам и фашизам од страна на градоначаникот.За жал, очигледно е дека оваа влада ја има изгубено котролата над овие територии на Република Македонијa”-вели Ален Деребан претседател на О.К на ВМРО ДПМНЕ Струга  

Повикувањето на придобивките стекнати под закрила на фашизмот со поставување на спомен обележје на објект кој што повеќе од половина век беше училиште под името “Браќа Миладиновци”,прогласен за значајно културно наследство во 2013-та, не води кон соживот и заедништво во општина Струга.

 Се повикува на придобивка во 1941 година кога овој дел од Македонија.т.е.  целата западна Македонија е анектирана и приклучена кон кралството Албанија. Со декрет на нивното министерство е востановен албанскиот јазик како службен јазик на оваа територија, а училиштето односно образованието  се спроведува само на албански јазик. –вели Никола Кукунеш ВМРО ДПМНЕ

За тоа која е потребата од поставување на вакво спомен обележје,се обидовме да добиеме одговор од  Мерко но тој не одговара на повиците и пораките, а се оглушуваат и советниците од СДСМ.Како поданици на Мерко,нема осуда од нивна страна за овој страшен чин бидејќи за нив личните и теснопартиски интереси се над државните-реагираат од струшкото ВМРО ДПМНЕ.