Приоритет за секој средношколец и студент претставува квалитетното образование и идниот просперитет. Тие се стремат да го направат правилниот чекор на ова поле и да се здобијат со врвно знаење, кое понатаму ќе ги придвижи кон достигнување на особен престиж во својата професија. Во последнава декада, Словенија се истакнува како една од најпривлечните земји за студирање на македонските студенти и надградување на професионален план. Зошто е тоа така? Постојат неколку факти кои ја откриваат тајната позади нивната визија и ја потврдуваат нивната одлука како вистински избор.

Долгогодишното и прогресивно работење на Факултетот за информатички науки во Словенија (FIŠ) дава основа за генерирање извонредни студенти зад кои стојат голем број успешни и глобално препознатливи проекти и соработки. Дел од овие колаборативни проекти се карактеризираат со пребарување податоци, дигитални библиотеки, поврат на информации и слично. Со посебна репутација се здобиваат и оние кои се ко-финансирани од Европска Унија, од која факултетот и студентите уживаат исклучителна поддршка. “Адаптација на јавните истражувачки организации и Централната техничка библиотека на Универзитетот во Љубљана да работат според принципите на отворената наука” е еден пример на таков вид проекти, во кој што цел факултет е вклучен и активно работи со помош на Министерот за високо образование, наука и иновации на Европската Унија.

Овој самостоен државен факултет, лоциран во Ново Место, претставува водечка институција во државата, која е посветена на првокласна едукација на своите студенти во делокругот на информатичките науки и сите сестрински дисциплини. Студиската програма на ФИШ главно е поделена на три модули: додипломски, мастер и докторски студии. Во секоја од нив е инкорпориран мултидисциплинарен пристап кој овозможува студентите да ги прошират своите хоризонти, пронаоѓајќи ги допирните точки меѓу информатиката и останати истражувачки сфери како филозофија, социологија и комуникациските вештини. Ова ја зголемува студентската перспектива и развива сет способности, давајќи им предност на студентите во денешниот свет на можности, во кој се’ е поврзано и испреплетено.

Студентите на ФИШ секогаш се снабдени со најнови информации од светот на технологијата преку организирање јавни дебати, работилници, предавачи и професори, теренски активности и конференции. Преку партиципација на вакви настани, студентите може да воспостават контакт со влијателни личности и професионалци и да се стекнат со потребното практично искуство. Една од најголемите технички бенефиции за студентите на овој факултет е неговото членство во Microsoft Azure програмата. Со оваа програма, студентите и персоналот може да користат лиценцирани Microsoft програми и алатки преку Аzure web порталот и да ги инсталираат на сопствените компјутери. Оваа високо-образовна установа во својот „арсенал“ има два суперкомпјутери.

ФИШ има склучено партнерства со голем број истражувачки институции, универзитети и партнери од индустријата низ целиот свет. Ваквиот тип интернационална соработка обезбедува можност за академска размена на студентите, како што е програмата Еразмус, здружување за заеднички истражувачки проекти, екскурзии и отворена врата кон разновидни искуства. Особена предност на овој факултет е можноста за проследување „онлајн“ настава преку платформата „Moodle”, на која постојано се прикачуваат академските материјали и вежби. Оваа „онлајн” училница овозможува студентите побрзо да комуницираат меѓу себе, да остварат полесен пристап до професорите, претставува форум за дискусија и опција за прикачување семинарски трудови и испитни вежби преку нивниот профил.

Покрај тоа што факултетите во Словенија нудат бесплатни студии за македонските студенти, ексклузивна алтернатива на овој факултет се индивидуалните курсеви кои содржат три нивоа и отворената прилика за студирање како „граѓанин”. Ова подразбира дека секоја индивидуа по желба, може да ја проследи студиската програма на Факултетот во кој било период од академската година, без статус на студент.

Покрај екстензивната апаратура, на Факултетот постои и специјализирана библиотека за студентите. Оваа инфраструктура придонесува за стручноста на предавањата и истражувачките активности, зајакнувајќи го целосниот образовен систем на студентите. Во програмата на факултетот се опфатени и дополнителни социјални и студентски услуги, како кариерен центар за академско и кариерно советување, опции за практикантство и практични вежби. На овој начин, факултетот цели да создаде инклузивна средина, каде студентите може да се унапредуваат и да го достигнат својот целосен потенцијал.

За секој студент, слободното време е ценет луксуз кој треба максимално да се искористи. За некого тоа значи одмор, но студентите на ФИШ ја имаат и можноста да си го исполнат времето преку социјализирање и вмрежување со своите колеги, учествувајќи во разни екстракуликуларни активности како куглање, пикник, спортување и прошетки во природа.

Повеќе информации може да погледнете на следниот линк.