Македонците кои живеат во странство тврдат дека не можат да се регистрираат за гласање на претстојните избори. Велат дека страницата на Државната изборна комисија не го прифаќа нивниот матичен број кој е неопходен за регистрацијата. До Обединетата македонска дијаспора пристигнале тврдења дека причина за блокадата е што немаат пасош со новото уставно име, па системот не им дозволува да ја почнат постапката.

Од ОМД велат дека и на претходните изобри се соочувале со проблеми. Регистрацијата завршила успешно, но без никакво објаснување, тие не се нашле на избирачкиот список.

До 18-ти март трае пријавувањето за гласање на македонски државјани во странство. На претходните парламентарни избори барање за гласање доставија над 7 илајди иселеници.