Претседателот на Социјалдемократскиот на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа средба со со извршната директорката и член на Одборот на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски и претставниците од фондацијата, на која што се разговараше за моменталните економски показатели, за потребните реформи но и за идните економски мерки од програмата на СДСМ.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски:

„Денеска заедно со поптретседателот на партијата Фатмир Битиќи и со членот на ЦО, Филип Николовски имавме средба со извршната директорката и член на Одборот на Македонија 2025, со проф Никица Мојсовска Блажевски и претставниците од фондацијата, со дел од нивниот УО, на која што разговаравме за моменталните економски показатели, но и за идните економски мерки од програмата на СДСМ со посебен фокус на економските мерки, на соработката со дијаспората, дигитализацијата, реформите во јавната администрација и владеењето на правото и борбата со корупцијата. Јас сум економист, но за мене и за СДСМ, се секогаш важни ставовите и предлозите на економските експерти, бидејќи само на тој начин би имале ефикасни мерки и политики за развиена економија.

Овој состанок доаѓа токму во таа насока бидејќи МК2025 е респектибилна институција која што не само што има врвни експерти од МК, кои што се дел од неа, туку и навистина истакнати членови на МК дијаспора, кои на секој начин сакаат да помогнат на својата и на нашата држава.

Разговаравме на сите теми кои што се од интерес на економската сфера во државата и на другите кои ги кажав.

Нашата економија помина низ неколку тешки кризи. Владата во изминитатите 7 години и јас во последните две години како премиер, се соочивме со тешки предизвици, прв справување со ковид и пост кризата, енергетската криза, последиците од војната во Украина кои имаа тешки последици врз економијата во Европа но и во нашата држава. Ние во тој период презедовме одлучни и храбри чекори за одржување на економските параметри, за ликвидноста на компаниите, за заштита на стандардот на граѓаните. И, докажавме дека и во време на тешки кризи, секоја мерка може да има позитивни резултати, кога се работи напорно и кога се има визија.

Кога кажавме дека ќе имаме просечна плата од 500 евра, никој не веруваше, но денес, не само што го исполнивме тоа ветување, и го надминавме. Просечната плата денес е 650 евра. Тоа е 50% покачување за над половина милион наши сограѓани.

Пензиите во просек се повисоки за 6.400 денари од она што беше 2016 година и исто тоа зголемување е повеќе од 50%

Воедно што навистина не прави горди како Влада е што поддржавме 919 македонски компании со 100 милиони евра поддршка од буџетот и само преку инвестициските циклуси се отворија над 5.000 нови домицилни работни места преку половина милијарда инвестиции вкупно со она што го инвестираа приватните компании на основ на 100 милиони државната помош која беше обезбедена.

На денешниот состанок со Македонија 2025, ги разговаравме идните мерки во нашата програма кои гарантираат одржлива, иновативна и конкурентна економија.

СДСМ има јасен и конкретен план за покренување и раст на економијата. Ние нема да се откажеме од идејата за пропсеритетна држава и подобар животен стандард за сите граѓани.

Планирани се 180 илајди за поддршка на домашните компании, што е за 80% повеќе од она што го добија во текот на изминатите години а исто така сакам да потенцирам дека до 2016 година таа помош изнесуваше 0. Како и 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции за зајакнување на економскиот раст и развој.

Минималната плата ќе биде 600 евра, а просечната 1.100 евра до 2028 година. И пензиите ќе растат, 20. 000 денари минимална пензија и 30. 000 денари просечна пензија до 2028 година. Невработеност ќе се намали од 12% на 7% до 2028 година. Ова го сметаме за апсолутно остварливо со оглед на тоа што докажавме дека од 2016 до денес ја преполовивме невработеноста која беше 25%, а денес е 12,6%.

Секако, дополнителен позитивен импулс на економскиот раст ќе даде „Планот за раст во Западен Балкан на Европската Унија, кој ќе да го забрза растот во регионот и ќе ја приближи нашата држава до економските стандарди на ЕУ. Затоа и е важно да продолжиме по европскиот пат, за што се залагаме со нашата програма за европска иднина.

Ние докажавме дека знаеме што правиме, знаеме по кој пат треба да се движи државата за да имаме напредок, просперитет, задоволни граѓани и пред се напредно стопанство.

Денес имаше и презентација на извештајот на Светска банка каде македонската економија се покажа врз основа на овој извештај дека во 2023 година била отпорна на сите кризи. И дека има позитивен раст на економијата, иако понизок во однос на 2022 година, но тоа е токму поради влијанието на слабиот резултат на економиите во ЕУ и на војната во Украина што многу јасно е нотирано во извештајот.

Но, нотирано е намалување на сиромаштијата, пад на инфалцијата на 3,6%, пораст на минималната и просечната плата, што навистина претставува задоволство да се чуе кога една ваква реномирана светска финансиска институција ќе даде оцена за резултатот од мерките кои сме ги преземале во изминатите 2 но и во изминатите 5 години во време на кризи.

Секако има уште многу да се работи до постигнување на целта. Свесни сме и дека во изминатите години направивме грешки и преземаме одговорност.

Но една работа направивме апсолутно правилно, ја идентификувавме визијата за нашата држава и не се откажавме од тоа во ниту еден момент. Македонија стана членка на НАТО и успешно ја водиме државата кон Европската Унија преку веќе отворените преговори и јасната преговарачка рамка. Со сегашните и со идните чекори и политики, ние, СДСМ и Коалцијата за европска иднина, сме на прав пат за исполнување на втората стратешка цел – членството во ЕУ. Македонија јасно е дека нема друга алтернатива освен ЕУ, тоа е клучот за развиена економија, за подобар животен стандард, за поголема борба против коруцпијата, подобро владеење на правото, за пофункциоонално здравство, образование и за подобри услуги за граѓаните кои ги заслужуваат и какви што ги сакаат”, се наведува во партиското соопштение.