На средбата со жителите на Лисиче, кандидатот на партијата „Левица“ за претседател Билјана Ванковска, порача дека граѓаните на Македонија не треба да бидат кираџии во својата татковина. Пред жителите на Лисиче ја истакна својата определба за како што рече, укинувањена на договорите, кои според неа, не и донеле ништо добро на Македонија, како и за донесување на нов Устав.

„Деновиве додека одам на средби со граѓани на повеќе места во Македонија, ја чувствувам топлината на народот. Чувствувам како секаде сме прифатени со радост. Веќе се чувствува доаѓањето на црвениот бран, како што го нарекуваат младите од Левица“, рече Ванковска.

Ванковска, придружувана од носителот на ИЕ 2, Амар Мециновиќ, денеска имаше средба со жителите на Гази Баба.

„Нефер и недемократските правила на игра нема да ја спречат Левица од ширење на идејата, нашата програма и мерки. Црвениот бран сѐ повеќе се шири преку активистите на Левица и секојдневното присуство на терен на нашиот кандидат за Претседател. Искрените и топли реакции на граѓаните нѝ укажуваат дека сме единствени коишто се наоѓаат на правилната страна“, велат од Левица.