По протестите на улица и апелите на пациентите со цистична фиброза упатени кон надлежните институции-процедурата за набавка на современта терапија за пациентите со цистична фиброза е завршена и сите пациентите конечно ќе дојдат до трикафта, објави ТВ 24.

Минатата недела потпишан е договорот, а сите пациенти над 12 години оваа терапија ќе ја добијат во текот на месецов.

„Добивме пониска цена за лекот трикафта на овој јавен тендер и ќе имаме можност да склучиме и повеќе пациенти од предвиденото, кои ќе бидат вклучени и децата под 12 години“ – вели д-р Валентина Цвејоска Чолаковска-директорка на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести.

Пристапот до новата и современа терапија е големо олеснување. Од Асоцијацијата за цистична фиброза велат дека ќе се залагаат заедно со Министерството за здравство- сегашната рамка која е за над 12 години „трикафтата“ да биде достапна за сите со сигурност, како што е пример во европските земји и на некои земји на Балканот, како во Црна Гора, каде сите пациенти над две години да земаат „трикафта“.

„Трикафта е нашата главна задача со Министерството за здравство, но во последните месеци имаме проблем со ензимот панкреатис кој е нарекуван „креон“, кој е важен за пациентите затоа што со секое јадење треба да се зема „креон“ кој е значаен за развојот на пацинетите за внесување на витамини, протеини итн. Ова е недостаток последните месеци. Бараме поголема заложба на властите и „креонот“ да не биде дефицитарен во државата“ – вели Елмир Сејфулаи од Асоцијацијата за цистична фиброза.

Терапијата во државава е достапна од минатата година, ефектите се позитивни. Првично терапијата почнаа да ја примаат 12 пациенти, а според лекарите имало одлични резултати и значително ја подобрувала здравствената состојба на пациентите со цистична фиброза. Претходно најавите од здравствените власти беа дека етапно ќе се вклучуваат кон оваа терапија согласно медицинските критериуми.

Набавката е спроведена од страна на Министертсвото за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за јавни набавки.