Тие се олигарси, тие не се луѓе кои трагаат по решенија. Нивната политика не е во границите на правото, туку е она што тие мислат да го прават!

Најважното за мене е доброто образование, нема подобра инвестиција од тоа. Во претседателскиот кабинет ќе формирам Совет за млади. Доста со тезите дека на младите им припаѓа иднината, на младите им треба и сегашноста да ја земат во свои раце, истакна Гордана Силјановска на митингот синоќа во Карпош.

Видовте колку портали добија средства за да можат да шират вистина за изборите, дури и една заболекарка доби средства и во истиот миг го затвори порталот. Нивната логика е: кој, кога и како добива.