Поранешниот министер и економски аналитичар Џевдет Хајредини, во една реченица, ја коментира „големата коалиција“ на „семоќниот“ лидер на владејачката ДУИ, Али Ахмети.

– Еден ден, не предоцна, ќе стане познато зошто Али Амети се доведе себеси во ситуација да бара спас од Тачи, Артан и Дудуши, кратко коментира Хајредини.

Тој ревносно ја следи политичката ситуација во Република Македонија и накратко ги бележи своите опсервации за економските и политичките потези кои се преземаат. Џафери е отворен критичар на владејачката коалиција, но и на претходната власт и поддржувач на актуелната опозиција на партиите на Албанците во Македонија.