МНР побара став од Вашингтон за изјавите на конгресменот Рохрабакер

mnr

Поврзани вести

Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку македонската Амбасада во Вашингтон по дипломатски пат побара став од Стејт Департментот на САД за изјавите на американскиот конгресмен Дана Рохрабакер изнесени во интервју за „Визион Плус“ од Тирана.

– Конгресменот e член на Комитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи.  Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност околу Македонија и во регионот. Истите разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што не враќаат во минатото, се наведува во соопштението од МНР.

Изразуваат уверување дека Стејт Департментот соодветнo ќе отстрани секаква дилема околу изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и Балканот.

Дана Рохрабакер

Американскиот конгресмен Дана Рохрабакер во интервјуто за „Визион Плус“ меѓу другото рече дека „создавањето на Македонија е пропаднат проект и оти сега биле создадени сите околности да се подели меѓу соседните држави, вклучувајќи ги и Косово и Бугарија“.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top