Латас: Ако СДСМ според логиката на Заев има 620.000 гласа, тогаш значи Груевски има 700.000 гласа

latas

Поврзани вести

Заев рачуна дека сите што не гласале за ВМРО-ДПМНЕ, гласале за него, што е вака струмичка логика- веројатно 100.000 од Вицето, 100.000 од него, дошол до 200.000 гласа. Тогаш што станува со 200.000 гласа кои не гласале за Заев, а не излегле на избори, значи тие веројатно би гласале за Владата, бидејќи не гласале за опозиција, значи тогаш Груевски има 700.000 гласа по таа логика.

Ова го истакна главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас, во инфомагазинот „Од наш агол“ на МТВ1.

-Но, тоа е во сфера на несериозни муабети, во сфера на ете така да се каже нешто за да те има на телевизија. Тој тврди се и сешто, па сега кој се налепи се налепи, но не верувам дека многу луѓе се налепуваат и веруваат на тој исказ негов дека освоил 620.000 наместо 420.000 колку што освоил. 420 илјади се за него и тие се негови гласови, ништо повеќе од тоа. Прво, многу малку луѓе веруваат на Заев воопшто.

Според Латас, нема двајца победници- во албански и македонски блок, победник е само ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактичката состојба кажува дека ВМРО е победник на овие избори со околу 17.000 гласа повеќе од СДСМ, што за македонски услови и за македонска држава каква што е мала- 17.000 гласа е респективна бројка.

Латас додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ги нема завршено преговорите со ДУИ.

-Да прецизираме, ДУИ не даде одговор до ВМРО-ДПМНЕ дали нивниот предлог за коалиција, како мандатари тие предлагаат, е прифатен или не. Рекоа да разгледаме и други можности па ќе се произнесеме. Ние единствено имаме една изјава на Али Ахмет во која тој вели- една фаза е завршена отвораме втора, но не е процесот завршен, фазата е. Кога ќе завршат преговорите помеѓу ДУИ и СДСМ можеме да го очекуваме финалниот одговор кој може да биде и на едната и на другата страна и второ, не заборавајте бидејќи сосема некоректно е и неполитички, ДУИ преговараше со СДСМ и во 20-те дена кога Груевски го имаше мандатот. Знаеме дека некои потпретседатели на ДУИ јавно одеа во СДСМ за да се консултираат и добијат некаква информација што на нив им е потребна. Така да преговорите за избори не се завршени, јас не очекувам ни СДСМ брзо да ја заврши својата фаза, рече Латас.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top