ВИДЕО: Се занимавале со “чувствителни експерименти” и сите биле мистериозно убиени

naucnici

Поврзани вести

Неколку најголеми современи научници минатите години биле убиени под многу чудни околности, а за нивната смрт се врзувале мистериозни настани кои следеле. Полицијата давала прилично чудни објаснувања за нивната смрт, а теоретичарите на заговори сметале дека станува збор за убиства кои се затскриваат.

Малов бил водечки научник во контроверзното поле на слободна енергија. Можеби поради тоа, кога бил пронајден мртов, многу теоретичари на заговори поверувале дека тоа било испланирано убиство, и покрај официјалната верзија дека станува збор за убиство кое ескалирало околу расправија за неплатена кирија и иселување.

Имено, Малов ја издавал под кирија својата куќа на семејството Шаферс во времето на неговата смрт, а во мај 2004-тата година синот на тоа семејство, Чед, со својата девојка Кендис Фостер и пријателот Мозел Браун, биле обвинети за убиство на научникот. Според истрагата, Чед се вратил во куќата која семејството ја изнајмувало заедно со Браун. Двајцата го претепале научникот до смрт, а потоа се обиделе да направат инцидентот да изгледа како грабеж, со помош на Кендис Фостер. Необично е дека за да го открие сето ова, на полицијата ѝ биле потребни неколку години.

Физичарот и нуклеарен научник Џон Мулен, умрел одненадеж во јуни 2004-тата година од труење со арсеник. Се верува дека смртоносната доза му била дадена преку пијалак. Кога умрел, Мален работел за “Boeing”.

Неговата девојка, Тамара Рало, која требало да биде приведена поради вмешаност во убиството, полицијата ја пронашла мртва во нејзината куќа. Во тоа време, истражителите не сакале да им откријат на медиумите дали таа извршила самоубиство или била убиена. Без разлика на тоа, судење за смртта на Мулен нема да има.

Владимир Коршунов и Алекси Брушлински

Владимир Коршунов и Алекси Брушлински, руски научници кои работеле во полето на микробиологијата, биле убиени во Москва еден по друг и тоа во две недели. Убиствата се случиле во 2002-та година. Брушлински, кој исто така бил член на Руската академија на науките, бил убиен на 28-ми јануари, а властите убиството го оцениле како “бандитски напад”.

Тој бил претепан до смрт. Две седмици подоцна, на 8-ми февруари, Коршунов исто така бил претепан на пешачки премин во близина на својата куќа и оставен на улица. Коршунов бил шеф на отсекот за микробиологија на рускиот државен Медицински факултет во моментот кога бил убиен. Двете убиства биле официјално сметани за случајни напади, и поради тоа ги заинтересирале теоретичарите на заговори.

Јонг Им

Во 2005-тата година, убиството на професорот во пензија, Јонг Им, од Универзитетот во Мисури, ја заинтересирало јавноста. Јонг Им бил хемичар за протеини. Неговото безживотно тело го пронашле пожарникари, кога биле повикани да изгаснат автомобил кој горел на третиот кат од гаража. Кога го изгаснале пожарот, откриле тело во багажникот. Имал повеќе убодни рани во градите, што сугерирало дека бил мртов и пред да биде ставен во автомобилот. Речиси деценија подоцна, во 2013-тата година, за неговото убиство бил обвинет криминалецот со име Тимоти Хоаг, кој неодамна се самоубил со скок од истата гаража каде било пронајдено телото на професорот.

Јан Лангфорд

И покрај чудните околности на смртта на доктор Јан Лангфорд на 11-ти февруари 2002-та година, полицијата објавила дека смртта не е сомнителна, и тоа во рок од 48 часа. Тој бил пронајден делумно гол, со рани по телото, и бизарно поставен на стол во својот дом. Полицијата навела дека раните биле од самоповредување, или од некоја претходна несреќа. Други извори, иако неофицијални, тврдат дека неговите работи биле извалкани со крв, кога телото било откриено. Лангфорд бил водечки истражувач на ризикот по животната средина на Универзитетот “East England”, а колегите го опишувале како “еден од водечките европски експерти” во оваа област.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top