10 убавини на Македонија во “National Geographic”

ohrid

Поврзани вести

Природните и историските убавини на нашата држава се најдоа во онлајн изданието на престижниот магазин “National Geographic”. Таму, Македонија е опишана како мала земја која е сокриено богатство со своите историски споменици, природните убавини и богатата култура.

“Македонија е можеби едно од најфасцинантните места во светот за кои најмалку се пишува”, стои во статијата. А, ова се убавините на нашата држава кои најмногу им оставиле впечаток.

1. Планинарење на Љуботен

“Планината Шара се издигнува над облаците во северозападниот дел од Македонија. Оттука погледнете ги фантастичните глетки на Македонија и Косово пред да се вратите во вилата каде можете да уживате во топлиот оган и извонредниот мирис на домашно зготвените јадења од планинарите”.

2. Истражете го Скопје

“Дом на половина милион луѓе, главниот град на Македонија е спој на новото и старото. Првото нешто што ќе ви го привлече вниманието е Милениумскиот крст на планината Водно, каде можете да стигнете со жичара и да уживате во погледот. Доколку се шетате на плоштадот ќе ја видите огромната статуа на Александар Македонски, а оттаму можете да прошетате во старата чаршија и калето”.

sk

3. Истражете ги пештерите

“Македонија е предел кој е како швајцарско сирење, со над 300 пештери. Низ малата дупка низ карпите се наоѓа лавиринтот на пештерата Горна Слатинска, каде можете да истражите неверојатен свет”.

4. Качување на карпите или кајакарење на Матка

“Откако ќе фатите маса во ресторанот и ќе уживате во погледот, изнајмете кајак и веслајте до пештерата Врело. Матка кањонот исто така е магнет за качувачите по карпи, па можете да одберете тура од 40 минути до малиот манастир Св. Никола”.

matka

5. Планинарење на Маврово

“Маврово е најголемиот национален парк во Македонија, дом на највисокиот врв – Кораб. Мечките, рисовите, волците, елените и 129 видови на птици се едни од најголемите предности на паркот”.

6. Нурнете во историјата во Охрид

“Посетете го Охрид и ќе мислите дека сте транспортирани на Медитеранот. Кристално чистите води на Охридското езеро, едно од најстарите во светот, датираат од пред милион години. Целиот регион е прогласен за светско наследство од УНЕСКО”.

crkva

7. Летајте со параглајдер над Крушево

“Крушево е највисокиот град во Македонија. Шарените ветришта го бојат небото како со четка, а условите за параглајдинг се толку добри што Светската федерација за воздушни спортови реши токму тука да го организира Европското првенство во параглајдинг во 2016 година”.

8. Посетете ја Шарената џамија во Тетово

“Ова уметничко дело од 15-от век се наоѓа во Тетово. Надворешните шари ги сочинуваат правоаголни слики урамени во мали прозорци, а кога ќе влезете внатре вилицата ќе ви падне од уметноста која се наоѓа на секој сантиметар од ѕидовите”.

tetovo

9. Уживајте во храната и пијалоците

“Една работа е сигурна за Македонија – нема да останете гладни. Заборавете на умерените оброци и подгответе се за гозба. Македонската кујна е спој на турската, медитеранската и балканската. Националниот пијалок е ракија – силно бренди кое ќе ви го изгори грлото. Можете лесно да испиете повеќе од што треба, бидејќи Македонците цело време имаат причина за наздравување”.

10. Излезете на кафе

“‘Излегувањето на кафе’ во Македонија всушност значи код за кафе, пиво, вечера или едноставно само дружење. Македонците обожаваат да се социјализираат. Запознајте некој нов пријател таму и најверојатно ќе сретнете пријател за целиот живот”

Доколку сакате да ја прочитате целата статија, кликнете тука.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top