Шестемесечно бебе си ја спаси мајката од рак

bebe

Поврзани вести

Кога шестмесечното бебе Теди почнало да одбива да цица, мајката Сара знаела дека нешто не е во ред со нејзиното здравје.

Сара вели дека нејзиното бебе на шест месеци изненадно станувало вознемирено кога и да се обидувала да го дои, посебно кога тоа го правела на десната дојка.

Се обидела да го дои во различни положби, но тоа одбивало. На почеток се исплашила дека нешто не е во ред со неговиот врат, но сега верува дека млекото од нејзината десна дојка имало малку поразличен вкус.

Поради неговото однесување, Сара одлучила да оди на лекар и да побара повторно да и ја скенираат цистата за која со години знаела дека ја има. До тогаш двапати правела тестови за утврди дали постои опасност од канцер и резултатите биле негативни, за што лекарите и велеле дека нема место за грижа.

Сара моментно е на половина пат низ процесот на хемотерапија. Ја очекува двојна мастектомија и реконструкција на градите. Најголема поддршка и е семејството.

-Никој не може да каже дали ракот го откри Теди. Поради него сега се лекувам- вели Сара.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top