Алекс Салмонд : Заврши времето кога Шкотска можеше да добива лекции од Лондон

aleks

Поврзани вести

Поранешниот прв министер и лидер на Шкотската национална партија (СНП) Алекс Салмонд во Единбург изјави дека „заврши времето кога Шкотска можеше да добива лекции, со повисок тон, од еден премиер во Лондон“.

Неговата остра изјава претставува реакција на излагањето на британскиот премиер Тереза Меј, на пролетната конференција на шкотската Конзервативна партија во Глазгов, во кое таа ги обвини „сепаратистите“ од СНП, која три мандати по ред е владеачка партија во Шкотска, затоа што се подготвуваат повторно да го покрент прашањето за референдум за отцепување од Велика Британија.

Во излагањето Меј тврдеше дека „нема економска основа“ за независност на Шкотска и ги обвини првиот министер Никола Старџен и нејзината влада дека ги запоставиле шкотската економија, здравство ,образование и интересите на лугето, настојувајќи по секоја цена да ја извлечат Шкотска од Обединетото Кралство.

Првиот министер Старџен и СНП, претходно, објавија програма во која нудат компромисно решение за земјата, по британскиот Брегзит, барајќи Шкотска да остане дел од заедничкиот пазар на ЕУ, без разлика дали Велика Британија ќе одлучи да остане надвор.

Според Старџен, премиерот Меј „нема мандат да ја извлекува Шкотска од ЕУ кога шкотските гласачи тоа не го сакаат“.

Британскиот премиер во Глазгов ги уверуваше Шкотланѓаните дека домашниот, британски пазар вреди повеќе за шкотската економија, од оној на ЕУ, кој, како што рече, е дури трет по големина каде шкотската индустрија ги пласира своите производи.

Поранешниот лидер на СНП, Салмонд, кој сега е само пратеник на партијата во британскиот Парламент, ја обвинува Меј за ароганција и за „опседнатост со Брегзит“, порачувајќи и дека шкотскиот јавен сектор е далеку поуспешен од оној во Англија, па затоа еден британски премиер не може да и суди на Шкотска, за состојбите во тој сектор.

– Доколку Меј ги отфрли компромисните предлози на Старџен околу Брегзит, тогаш сигурно ке има втор референдум за независност, рече Алекс Салмонд, сугерирајќи и дека е подобро за неа „да се навикне на новата реалност“ кога веќе има намера да ја подучува Шкотска

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top