„Стоп Операција Сорос“: Бараме да се испита дали граѓанските организации и фондации работат согласно законот

Поврзани вести

Според „Стоп Операција Сорос“ постојат индиции дека еден дел од граѓанскиот сектор директно учествува во поделбата на општеството. Сериозни судири во општеството доведе неколку годишниот напад од дел на невладиниот сектор на институциите на државата.

-Последните години македонското општество е сериозно загрозено од странски и домашен фактор. За жал граѓанскиот сектор кој требаше да го унапредува општеството, учествуваше во процеси кои водеа кон негово дестабилизирање, дезинтегрирање на граѓанскиот концепт, како и на правата и слободите на граѓаните и граѓанските организации, вели Никола Србов од „Стоп Операција Сорос“.

Затоа од „Стоп Операција Сорос“ побараа од институциите да испитаат дали граѓанските организации и фондации работеле согласно законот за здруженија на граѓани и фондации на Република, ова барање се однесува на сите организации од фондации.

Врз основ на законот за здруженија на граѓани и фондации, Службен весник на Република Македонија број 62 од 16 април 2010 година, кој сеуште е на сила организацијата „Стоп Операција Сорос“ ги поднесува следниве барања:

1.Врз основ на член 65 од законот за Здруженија на граѓани и фондации бараат институциите да го проверат следново:
-Институциите да проверат дали организациите допринеле за разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост?

-Дали со одредени акции и постапки организациите овозможиле мобилност на лица, кои биле вмешани во терориразам или се потенцијална опасност да извршат терористички акции во Република Македонија, во земјите од регионот, земји членки на ЕУ или трети земји?

-Дали организациите работеле во насока на насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија.?

-Дали поттикнувале и повикувале на воена агресија и интервенција од трети земји?

-Дали ги повредувале правата и слободите на други лица, граѓани на Република Македонија?

2.Врз основа на член 10 од законот за Здруженија на граѓани и фондации, во кој се уредува независноста на организации, од институциите во Македонија бараат:

-Дали невладини организации во Република Македонија имале мешање или влијание во управувањето од трети лица од земјава и од странство?

-Дали постојат невладини организации во Република Македонија кои се зависни финансиски, материјално или биле уценувани, со што делувале надвор од нивната програма и статут, а спротивно Уставот и законите на Република Македонија?

3.Врз основ на член 13, став од законот за Здруженија на граѓани и фондации, во кој стои организациите не можат да вршат активност на политичка партија односно не можат да вршат директно или индиректно финансирање на конкретна политичка партија и да влијаат на изборите, од државата бараат да провери:

-Дали организациите на директен или индиректен начин финансирале политички субјекти во државата?

-Дали инфраструктурата, кадарот и ресурсите на организацијата биле користени во полза на политичка партија?

-Дали дејствувањето на организациите влијаело врз изборниот процес во државата?

-Дали организациите биле вклучени во предизборната кампања на некоја политичка партија?

-Дали на директен или индиректен начин го насочувале јавното мислење кон некоја политичка партија?

4.Врз основ на член 38 од законот за Здруженија на граѓани и фондации, во кој се уредува работењето на странски организации, од институциите бараат да проверат:

-Дали странските фондации во Република Македонија работеле согласно законот за Здруженија на граѓани и фондации или ако имаат ратификувани договори со државата, од каде доаѓа странската организација?

-Дали биле користени за влез на црни пари во Република Македонија?

-Дали биле вмешани во политичкиот живот на државата?

-Дали поттикнувале насислтво и нетрпение во општеството, со што би ја загрозиле безбедноста на граѓаните на Република Македонија?

-Дали странските организации работат согласно законот во однос на плати и придонеси за вработените?

5.Врз основ на член 48 од законот, во кој се уредува финансирањето на организациите, од институциите на Република Македонија бараат да го проверат следново:

-Дали организациите биле финансирани согласно законот?

-Дали организациите повлекувале средства врз основ на нивниот статут и дали тие средства ги користеле на активности определени со нивниот статут?

6.Врз основа на член 50 од законот, во кој се уредува употребата на средствата на организациите, од институциите бараат да проверат:

-Дали средствата кои се влеале во организациите биле користени за целите врз кои се основани организациите согласно нивниот статут, согласно Уставот и законите на Република Македонија?

-Дали средствата биле користени над личните интереси или во лукративни цели?

-Дали била вршена незаконска пренамена на средствата добиени за проекти од даночни обврзници на Република Македонија, од земји членки на ЕУ или од трети земји?

-Дали со добиените средства врз основ на проекти, биле исплаќани активисти кои се или биле вклучени во партиски активности или настани кои се противзаконски, противуставни, активности кои поттикнувале насилство, дискриминација, прекршувале човекови права и слободи и активности кои воделе кон насилно уривање на уставниот поредок?

-Според став два од истиот член бараме да се провери дали членовите на организациите, на невладините организации и нивните застпаници, по закон управувале со организациите и сресдтвата на организациите, согласно нивниот статут, согласно законот или работеле за лични интереси, малверзации, криминал и лично богатење?

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top