Ванчо Петрушевски за РСМ: Сакаат насилно да влезат во Собранието, но народот нема да им дозволи

vanco

Поврзани вести

Тие сакаат насилно да формираат Собрание, насилно да ја преземат власта и да командуваат со полицијата, а полицијата потоа да излезе и да го тепа народот, истакна за Радио Слободна Македонија, актерот Ванчо Петрушевски, кој ја поддржа Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија.

Посочува дека ситуацијата нема да ескалира и оти граѓаните ќе продолжат со мирни протести, но само до моментот додека не ескалира, како што вели, безобразието и желбата за реализација на платформата.

– Оној момент кога ќе дојде до такво нешто, да не се повлече Тиранската платформа, целиот народ ќе застане околу Собранието. Ќе ескалира оној ден кога насилно ќе влезат во Собранието да формираат Парламент, потенцира Петрушевски.

Вели дека граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ има поддршка од цела Македонија, и оти се јавуваат луѓе кои сакаат да дојдат и да го блокираат Скопје доколку не се тргне Тиранската платформа.

-Луѓето се спремни да останат на улица, да ја заштитат унитарноста на Македонија. Луѓето се спремни и животите да ги дадат за оваа Македонија, вели актерот.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top