Сончево и топло на првиот ден од пролетта

prolet

Поврзани вести

Пролетта на северната хемисфера почнува денеска во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.

На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде сончево и топло со минимална температура од 1 до 8 степени и дневни температури од 14 до 23 степен. До крајот на работната недела Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, што ќе услови времето да биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и четврток.

Наредниот викенд, ноќта меѓу 25-ти и 26 март, ќе почне летното сметање на времето, со тоа што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top