Фицо: Русија не е наш проблем, туку она што ќе се случи со ЕУ

Поврзани вести

Словачкиот премиер Роберт Фицо побара укинување на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија поради украинската криза, нагласувајќи дека „главен проблем е што ќе се случи со Унијата“.

– Санкциите никому не му помогнале. Русија не е наш проблем, туку главен проблем е што ќе се случи со ЕУ, истакна Фицо.

Тој нагласи дека надворешната политика на Словачка е заснована на две работи: прво, на членството во ЕУ и второ, на членството во НАТО.

– Од друга страна, ние понекогаш мора да се бориме за нашите национални интереси во Брисел, додаде словачкиот премиер.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top