Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата

mari

Поврзани вести

Британецот Енди Мареј по завршувањето на Мастерсот во Индијан Велс ја зголеми разликата во однос на Новак Ѓоковиќ на чело на АТП листата. Иако Мареј во Индијан Велс настапот го заврши на самиот старт, тој ја зголеми бодовната предност во однос на Ѓоковиќ, поради тоа што Србинот беше елиминиран во осминафиналето и загуби 920 бодови.

Разликата меѓу првиот и вториот тенисер во светот сега изнесува 3.090 поени, а истата дополнително ќе се зголеми по Мастерсот во Мајами, каде Ѓоковиќ е актуелен шампион, но поради повреда нема да ја брани титулата, поради што ќе загуби нови 1.000 поени.

Голем скок бележи и Роџер Федерер кој го осви Индијан Велс.

ТОП 10 тенисери на најновата АТП ранг листа:

1. Енди Мари (Велика Британија) 12.005 бодови

2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.915

3. Стан Вавринка (Швајцарија) 5.705

4. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.730

5. Милош Раониќ (Канада) 4.480

6. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.305

7. Рафаел Надал (Шпанија) 4.145

8. Доминик Тим (Австрија) 3.465

9. Марин Чилиќ (Хрватска) 3.420

10. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 3.310.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top