Георгиевски: Заев нема да се осмели да го прекрши ветувањето што го даде на Албанците

Поврзани вести

Вељаноски утре на координација ќе собере само горчина. Ова е очекувањето на поранешниот претседател на Парламентот, Љубиша Георгиевски од она што утре ќе се случува во законодавниот дом.

Според него без разлика каков ќе биде соодносот во комисијата за избори и именувања за која утре ќе договараат партиите, Македонците ќе бидат надгласувани на сила.

Во политичкиот магазин „Кворум“ на РСМ, Георгиевски освен за утрешната координација, зборуваше и за посетата на Хан и за предлогот кој го најавува ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекувам конструктивен предлог од ВМРО-ДПМНЕ. Но што и да видиме стравот на Заев е толку голем, што и со воен оркестра да влезе во зградата на владата и 9 години да владее и да биде незаменлив, тој нема да се осмели да го прекрши ветувањето кое им го даде на Албанците“, анализира Георгиевски.

Поранешниот собраниски спикер е дециден дека излезот од оваа ситуација се само нови избори.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top