Русија ќе изгради база во северозападна Сирија за обука на курдските борци

Поврзани вести

Русија се договори со курдските Сили за заштита на народот да изгради воена база во северозападна Сирија, каде ќе се обучуваат курдски борци, како дел од борбата против тероризмот. изјави денеска портпарол на Силите, Редур Кселил.

Договорот со Русија бил склучен вчера, а руски војници и оклопни возила веќе пристигнале во Џандарис, округот Африн. Договорот денеска стапува во сила.

Кселил не наведе колку руски војници пристигнале во Џандарис, каде е предвидено да се изгради база.

Џандарис претходно беше мета на прекугранични напади од турската армија.

Со договорот најверојатно нема да се согласи Турција, за која Сили за заштита на народот се огранок на Курдската работничка партија,

Силита за заштита на народот се сојузник на САД во борбата против Исламска држава во Сирија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top