Средба на претседателот Иванов со претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер

Поврзани вести

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Будимпешта се сретна со претседателот на унгарскиот Парламент, Ласло Ковер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Унгарија, особено во контекст на соработката на парламентарно ниво.

Македонскиот претседател оцени дека Унгарија е важен и потврден партнер на Република Македонија и нејзината интеграција во Европската унија и во НАТО. Тој ја поздрави досегашната соработка меѓу парламентите на двете земји, истакнувајќи дека е во согласност со квалитетот на билатералните односи, и изрази очекување за натамошно унапредување во иднина.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можностите за продлабочување на соработката и во други сфери од заеднички интерес.

Претседателот Иванов го информираше претседателот на унгарскиот Парламент за причините за политичката криза во Македонија и за можните решенија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top