Тачи: Србија под притисок би можела да прифати формирање на војска на Косово

taci

Поврзани вести

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска оцени дека Белград би можел да се согласи на формирање на војска на Косово бидејќи меѓународната заедница, доколку сака, би можеле да го убеди „за пет минути“.

Тој повтори дека формирањето на војска на Косово е „пат од кој нема враќање“, а спорно е само тоа дали ќе формира со измени на Уставот на Косово или со законски измени.

– Ако меѓународната заедница не може да ги убеди косовските Срби за поддршка на измени на Уставот, ќе се менува Законот за безбедносните сили на Косово, согласно претходно преземената иницијатива, посочи Тачи за „Зери“.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top