Куртулмуш: Ставот на европските земји кон Турција е антидемократски

Başbakan Yardımcısı ve Hükümet Sözcüsü Numan Kurtulmuş

Поврзани вести

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави денеска дека ставот на европските земји кон Турција е антидемократски и не е во согласност со европските вредности и човековите права.

Куртулмуш нагласи дека Турција користи метафори за „фашизмот“ бидејќи е загрижена за иднината на своите европски пријатели и оти се надева дека тие ќе се сетат на својата крвава историја и дека нема да паднат во замката на нацизмот.

Тој потенцираше дека европските земји треба да преземат мерки против расизмот.

Куртулмуш на прес-конференција истакна дека е неприфатливо тоа што германските медиуми имаат толку вести за Турција, посочувајќи дека станува збор за мешање во внатрешните работи на Анкара.

Кортулмуш наведе дека забраните за одржување на митинзи на турските претставници во одредени европски градови се „неприфатливи“.

Претходно денеска, германската канцеларка Ангела Меркел побара од Турција да престане да ја споредува забраната за митинзи на турските претставници во Германија со нацистичката тактика.

Дипломатската криза на Германија и Турција се повеќе се продлабочува откако неколку германски градови од безбедносни причини им забранија на одредени турски министри да одржат говор на митинзите на турската дијаспора.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top