Ова е планот на Заев за утре- СДСМ подготвува нова измама на народот!

Zaev-Spasovski

Поврзани вести

СДСМ и Зоран Заев за утре подготвуваат нова измама за македонскиот народ преку разни комбинаторики со кои претседателското место во македонското Собрание по изборот на Влада ќе му припадне на некој од командантите на ОНА.

Имено, според информациите до кои дојдовме, планот на СДСМ е на утрешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, партискиот генерален секретар Оливер Спасовски да биде предлог за претседател на Парламентот, кој на денот на изборот на Влада ќе даде оставка.

Нашиот извор вели дека на овој начин СДСМ и Заев ќе обезбедат гаранција дека сите 67 пратеници кои му ги дадоа потписите на Заев ќе гласаат за новата Влада. Откако таа ќе биде изгласана, планот на СДСМ за измама на народот е Спасовски да се префрли на функција министер за внатрешни работи, додека претседателското место во Собранието да и’ припадне на ДУИ.

Подмолниот план на СДСМ се состои во тоа на утрешната седница СДСМ да го предложи за претседател на Собранието Оливер Спасовски како гарант дека Владата на СДСМ ќе ги добие сите 67 гласа од коалицијата на СДСМ и албанските партии. Оваа навидум промена на планот доаѓа од силниот анимозитет меѓу Беса и ДУИ и опасноста доколку договорениот претседател на Собранието, Талат Џафери, биде обелоденет, Владата да не ја добие поддршката од сите пратеници, односно од пратениците на Беса. На тој начин СДСМ нема да може да обезбеди стабилна владa.

Сепак, СДСМ нема да отстапи од договореното. На денот на избор на владата, веднаш по гласањето, Оливер Спасовски ќе даде оставка и ќе го добие министерското столче во МВР, а ДУИ ќе го преземе претседателското место во Собранието.

Овие комбинаторики преку кои СДСМ ќе се обиде да ги измами граѓаните значи дека претседателското место во македонското Собрание по изгласувањето на Владата ќе му припадне на некој од командантите на ОНА, со што и официјално ќе започне реализацијата на Тиранската платформа на албанскиот премиер Еди Рама во Македонија.

Со меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ за распределба на позициите во власта, како што веќе објавиja медиумите,  одлучено е поранешниот албански командант на 116 Бригада на УЧК, кој потоа стана политичар, ексминистерот за одбрана од редовите на ДУИ, Талат Џафери, да биде претседател на Собранието на РМ.

Утре во 12 часот во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на комисијата за избори и именување, како основа за продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието.

На седницата треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именувања, која треба да го предложи новиот претседател на Собранието.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top