Чудесната молитва на Св. Ксенија Петроградска која ќе ви помогне

Поврзани вести

о понови времиња се зголемува љубовта на Македонците кон оваа руска светителка, потикнати од восхитот кој произлегува од нејзината силна вера во Христа…..надворешно, површински – припроста жена од народот, вдовица која и неделувала сосема нормално бидејки барала да ја именуваат со името на нејзиниот рано упокоен сопруг….Внатре, длабоко – океан од вера и, воедно, вулкан од љубов, изразен преку огромен подвиг, кон сето тоа овенчана со бескрајно смирение и затоа со силата на Светиот Дух, прославена и со дарови, прозорливост, исцелувања и чудотворства…

И пред да биде свечено канонизирана и приспоена во бројот на многу признати светии, многу порано била од самиот верен народ, свештенството и монаштвото молитвено почитувана и повикувана за помош и спасение и постојат безброј пишани и непишани сведоштва за исцеленија и спасенија и чуда кои блажена Ксенија ги испросила пред Бога за сите кои и притекнале на помош.

Во времето кога Црквата во Русија претрпува огромни прогони и уништувања, во периодот на 18 век, кога е срушен заветниот храм на Христа Спасител во Москва, малиот скромен гроб и капелата на Смољенските гробишта останала незапазена, а скромната, неугледна црква, и нејзиното благо, гробот на Блажената, биле извор на вера и сила за милиони луѓе. И тој гроб останал, ја надживеал советската сила.

КОЈ МЕНЕ МЕ ПОЗНАВАЛ ДА ЈА СПОМЕНЕ МОЈАТА ДУША ЗАРАДИ ДУШАТА СВОЈА!

Овие заветни зборови, вклесани на надгробната плоча на света Ксенија Петроградска на Смољенскиот гроб во Санкт-Петербург, повикуваат на молитвено почитување на светите Божји угодници, но и не опоменуваат дека нашиот Бог е Бог на живите и дека во нашиот Господ нема мртви туку само во Господа заспани и на земјата живи. Неговите угодници постојано се јавуваат и во помош му притекнуваат на секого кој молитвено и со вера им се обракаат.

Блажена Ксенија е неуморна и брза помошничка скоро два века.

Преподобна мајко Ксенијо, моли Го Бога за нас!

Многу работи од земниот живот на света Ксенија останале од нас луѓето сокриени и само Господ Бог ги знае. Дури ни годините на раѓањето и упокојувањето на блажена Ксенија не се точно познати. Со сигурност се знае само дека живеела помеѓу двата предходни века. Родена помеѓу 1720, и 173о година, а се упокојила околу 1800 и некоја година. На земјата престојувала 71 година. Родена е во Петроград, Ксенија Григорјевна, млада, убава и образована, сонувала за срека во овој земен живот.

Се омажила за дворски певец, полковник Андреј Тодоровиќ Петров, незнаејки дека таа среќа е лажна и поминлива. Не се знае точно какво е Ксеининото потекло, но самиот брак со угледен, богат и убав млад човек сведочи за високото ниво на нејзините родители, како и за нејзиното образование и примерно поведение.

По ништо Ксенија не се разликувала од своите врсници. Срекно омажена – се до една вечер кога нејзиниот Андреј, иако млад и сосема здрав, умира на некоја забава. Ксенија тогаш имала 26 години. Немала деца, а сега останала и без својот љубен сопруг. Целото нејзино богатсво повеќе немало никакво значење. Затоа имотот го поделила на сиромаси, а куќата ја поклонила на својата пријателка Параскева Антононовна. За роднините тоа бил знак дека од болка Ксенија полудела, дуро до надлежните поднеле молба за да ја спречат во раздавањето на богатсвото. Молбата била прифатена и Ксенија била повикана на разговор. Но веднаш било констатирано дека вдовицата Ксенија е сосема здрава и да, има потполно право со својот имот да располага самостојно, како нејзе и одговара.

Така гледале луѓето на слугинката Божја Ксенија, не разбирајќи дека после смрта на сопругот, во нејзината душа се случила потполна духовна преобразба. Смртта на саканиот сопруг на Ксенија и открива колку е лажна и суетна среќата во овој земен живот. Сфатила дека совршена среќа на овој свет нема, а суетата и заблудата од овој пролазен живот може да бидат препрека во патот до вечноста, до Бога. Затоа, ослободувајќи се од земното богатсво, ја облекува униформата на својот сопруг и заминува, во непознато на осум години. А кога се појавува во сиромашното предградие на Петроград, започнува сите да ги убедува дека не умрел нејзиниот Андреј тука таа, Ксенија Григорјевна.

Затоа не се отповикувала на името Ксенија туку само на името на својот Андреј. На тој начин ги покајувала несамо своите гревови туку и гревовите на својот сопруг.

Умирајќи за светот, Блажената со целото свое битие се стремела кон Бога. Зачекорила на еден од најтешките патишта – мудроста ја прегрнала со облеката на лудост. Станала Јуродива за Христа. Тоа е еден од најтешките подвизи.

Ксенија немала одредено место на живеење. Воглавно по цел ден лутала по сиромашното предградие на Петроград, а најмногу престојувала во парохијата каде била црквата на Светиот Апостол Матеј. Невообичаено и сиромашно облечена, и скоро босонога, без постојано место на живеење. Нејзините алегорични приказни, кроткост и незлобливост многучесто биле исмевани и со подигрување и кај возрасните и децата. Но пред очите на Блажената секогаш бил ликот на невиниот Страдалник Господ Христос, Кој понизно ги примил и поднесол обвинувањата и плукањето и навредите  и распнувањето, и самата смрт. Сеќавајки се постојано на Христовите страдања, Блажената покорно и мирно ги поднесувала сите навреди и подсмевања.

Во личноста на блажена Ксенија,луѓето сфатиле дека не се работи за обична просјачка туку дека е некако посебна, невообичаена. Започнале да ја сожалуваат и понегогаш да и помагаат. Многумина и давале топла облека и обувки, бидејки униформата од нејзиниот сопруг која ја носела сосема се распаднала, па Ксенија и во лето и во зима била облечена во партали, додека на босите, натечени и од мразот промрзнати и црвени нозе носела искинати длабоки кондури. Но таквата помош Ксенија не ја прифакала и до крајот на животот била облечена во парталави и износени црвена кошула и зелена сукња или зелена кошула и црвена сукња. Освен таа облека немала ништо друго, па кога ке дојдела на посета кај своите пријатели, уште од врата во шега велела:
– Еве ме мене и све мое!
Ни милостиња непримала. Само од добри луге земала по некоја понудена копејка и истиот момент ја давала на други сиромаси.
Долго никој незнаел каде пребива во нокта.Човековото љубопитство и сомничавост ги потикнала некои нејзини сограѓани и полицијата во нокните часови да ја следат. Откриле дека, без оглед на годишното време и временските прилики, блажена Ксенија ноќе одела во полето и на коленици се молела се додека неизгреело сонцето, притоа повеке пати правела земни поклони на сите четири страни на светот.

Така заради Христа јуроодива Ксенија, полни 45 години се подвигувала.Своето тело со постот го очистила, а душата со молитвата, па со Божја помош, ги победувала непријателите на човековиот род. Студените есенски дождови и страшните руски зими, кога и птиците во лет се замрзнуваат и здрави млади луѓе во движење, остарената и ослабдната Ксенија ги поднесувала топлена од љубовта Гоисподова, а земната храна ја заменувала со духовната храна преку своето непоколибливо верување. Иако со тело на земја,душата и лебдела над земјата, престојувајки непрекинато во живото и непосредно општење со Живиот Бог.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top