Остануваат две празни места за НБА плеј-офот

Поврзани вести

Трите екипи кои се борат за последните две места во доигрувањето за титулата во НБА лигата ноќеска забележаа победи.

Индијана ја совлада Филаделфија, Чикаго беше подобар од Орландо, додека Мајами по продолжение го победи шампионот Кливленд. Епилогот околу конечната листа на учесници во плеј-офот ќе биде познат по одигрувањето на последните натпревари од лигашкиот дел.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:

Филаделфија – Индијана 111:120,
Бостон – Бруклин 114:105,
Мајами – Кливленд 124:121 (по продолжение),
Чикаго – Орландо 122:75,
Детроит – Вашингтон 101:105,
Милвоки – Шарлот 89:79,
Портланд – Сан Антонио 99:98,
Голден Стејт – Јута 99:105 и
Ла Клиперс – Хјустон 125:96.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 66-15 (победи-порази), Сан Антонио 61-20, Хјустон 54-27, ЛА Клиперс 50-31, Јута 50-31, Оклахома Сити 46-34, Мемфис 43-38, Портланд 41-40,…

Пласман Источна конференција: Бостон 52-29 (победи-порази), Кливленд 51-30, Торонто 50-31, Вашингтон 49-32, Атланта 42-38, Милвоки 42-39, Индијана 41-40, Чикаго 40-41, Мајами 40-41,..

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top