Нејмар верува во уште едно чудо

Поврзани вести

Бразилскиот фудбалер Нејмар е оптимист дека неговиот клуб Барселона има сила да ја анулира предноста на Јувентус од три гола по првиот дуел од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

– Мораме да веруваме дека можеме да го повториме подвигот од пресметката со ПСЖ. Јас верувам во овој тим и нашите квалитети. Пред некој ден татко ми ми рече нешто што ми остана врежано во главата, а тоа е дека не е важно против кого играме, факт е дека ние сме Барселона. Тоа значи дека можеме да направиме се. Ќе биде многу тешко, бидејќи Јувентус е одлична екипа. Шансите ни се еден насто да поминеме, а останатите 99 % се верба, труд и божја волја. Еднаш успеавме, можеме повторно, изјави Нејмар.

Барселона в среда на домашен терен го пречекува Јувентус со негатива од 0:3 по првиот дуел во Торино.

Во претходната фаза Барселона на реваншот со ПСЖ победи со 6:1 и надомести 0:4 од средбата во Париз.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top