Се одржа меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“

Поврзани вести

Со учество на 22 културно уметнички друштва од земјава и странство (Русија, Бугарија, Србија) на вториот ден од Велигден се одржа меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски средби“ традиционално по 13-ти пат.

Фестивалот го отвори настапот на естрадната ѕвезда Јордан Митев и трубачки оркестар од Сандански со изведба на химната на фестивалот „Земјо македонска“.

Местото на одржување на фестивалот секоја година е на прекрасниот Манастирски комплекс „Свети Ѓорги“ во непосредна близина на селото Ораовица, Радовишко, но оваа година поради временските неприлики се одржа во спортската сала во Радовиш. Организатор и иницијатор на фестивалот е директорот на Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Ораовица, Димче Петров. Генерален покровител кој го овозможи неговото одржување е генералниот директор на рудникот „Бучим“ Николајчо Николов.

veligdenski-sredbi-2

Фестивалот е од извонрен карактер и на него се преставуват обичаите,игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат. Беа доделени 15 награди и три за животно дело на кореографот Трајчо Атанасов – Коската.

Фестивалскот жири беше составено од врвни стручњаци.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top